Објавени резултатите за државните студентски домови, сајтот блокиран!

Министерството за образование и наука вечерва ги објави резултатите за тоа кој доби кревет во некој од државните студентски домови во Скопје, Штип и Охрид. Официјалната веб страницата на министерството не успеа да го преживее напливот на посетители и остана блокирана подолго време.

Објавени резултатите за државните студентски домови, сајтот блокиран!

Објавени резултатите за државните студентски домови, сајтот блокиран!

Утре ќе биде објавен и новиот оглас за сместување во студентските домови. Во првиот било откриено дека  45 отсто од апликациите при првото пријавување имале неточни податоци и биле одбиени. Станува збор за податоците за семејните примања кои не се совпаднале со оние од Управата за јавни приходи.