Објавена Шангајската листа на најдобри универзитети, и годинава нема ниту еден од Македонија

И оваа година нема ниту еден универзитет од Македонија на светската Шангајска листа на 500 најдобри универзитети.

Првите десет универзитети од минатата година го задржаа своето место и покрај некои мали промени. Резултатите од најновото рангирање потврдуваат дека Универзитетот Харвард е најдобриот веќе 14 години по ред. Стенфорд, исто така, го задржа второто место, додека Беркли и Кембриџ паднаа едно место подолу.

Првите осум универзитети се во САД, а Оксфорд и Кембриџ ја дополнуваат листата на елитни институции. По еден швајцарски и еден јапонски универзитет се рангираа во првите 20 универзитети.

Од регионот, најдобро се рангирани Универзитетот во Белград, кој се најде на 261-то место, Универзитетот во Љубљана на 464 место и Универзитетот во Загреб на 491-то место.

Оваа година, Азија постигна голем напредок, со тоа што универзитетите во Кина и Сингапур се најдоа во првите 100. Универзитетот Цингуа во Кина е најдобриот во земјата, на 58-то место, а Националниот универзитет во Сингапур се наоѓа на 83-то место.

Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих, рангирајќи се на 19-то место е најдобар во Европа, додека данскиот универзитетот во Копенхаген е вториот најдобар европски универзитет.

Вкупно 500 универзитети се рангирани од целиот свет врз основа на шест индикатори кои го вклучуваат бројот на наградувани вработени и алумни како и број на објавени сатии во престижните списанија „Nature“ и „Science“.

Целата листа е достапна ОВДЕ.