Објавена листата со кандидати за најдобар европски фестивал

Наскоро ќе се дознае кои се победниците на седмото издание на Европските награди за најдобар фестивал. Годинава својот глас ќе го дадат преку 800 000 обожаватели од 50 различни европски држави.

Јавно ќе може да се гласа за најдобар, голем, среден, мал, нов и затворен фестивал, како и најдобра програма за оваа година. За уметниците пак, ќе се гласа за најдобра музичка ѕвезда на фестивал, најдобар дебитант и химна на годината.

Но, нема се да биде оставено на јавното гласање. За најдобра „Зелена операција“, награда за промотор на годината и нов агент на годината ќе гласа професионално жири. Врз основа на јавното гласање, жирито ќе ги прогласи најдобрите европски фестивали.

Свечената церемонија на прогласување на наградите ќе се одржи во Гронинген, Холандија, на 13 јануари 2016 година.

Во конечната листа на кандидати за оваа награда нема ниту еден македонски фестивал, додека од соседството се најдоа Exit во Србија за категоријата најдобар голем фестивал, Sea Dance Festival во Црна Гора за најдобар среден фестивал заедно со Lovefest во Србија. Во категоријата најдобар затворен фестивал се натпреварува Hideout Festival што се одржува во Хрватска. Целата листа со кандидати може да ја погледнете овде.