Објавена листата на најкористени лозинки во 2022 година

Алатката за управување со лозинки „НордПас“ ја објави својата листа на 200 најчести лозинки во 2022 година, и се покажа дека луѓето сè уште користат слаби лозинки, јавува Си-Ен-Би-Си.

Најчестата лозинка во светот оваа година беше „password“ (што значи лозинка), а на хакерите им е потребно помалку од една секунда за да ја пробијат оваа лозинка. Истото важи и за втората и третата најчеста лозинка „123456“ и „123456789“.

„НордПас“ ја состави својата листа со помош на независни истражувачи за сајбер-безбедност кои анализираа база на податоци од три терабајти за да ги произведат наодите. Од 20-те најчести лозинки, 18 биле погодени за помалку од една секунда.

Ова се 20-те најчести лозинки во светот за оваа година:

  1. password
  2. 123456
  3. 123456789
  4. guest
  5. qwerty
  6. 12345678
  7. 111111
  8. 12345
  9. col123456
  10. 123123
  11. 1234567
  12. 1234
  13. 1234567890
  14. 000000
  15. 555555
  16. 666666
  17. 123321
  18. 654321
  19. 7777777
  20. 123

„123456“, „password“ и „qazwsx“ – Кои се најчесто користените лозинки за 2021?