Министерството за образование и наука денес го објави Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2017/2018 година.
Конкурсот е објавен на официјалната веб-страница на Министерството за образование и наука: www.mon.gov.mk.
На Конкурсот имаат право да се пријават сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.
Начинот на аплицирање, како и критериумите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, се објавени во самиот Конкурс.
Електронското аплицирање за сместување во студентските домови ќе започне на 17 јули (понеделник).