Обама смета дека повторно би победил на изборите, Трамп одговори – Нема шанса

Во интервју за интернет подкастот на Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама, кој ја напушта функцијата на 20-ти јануари, изјавил дека би освоил и трет мандат во Белата куќа доколку не постоеле уставните ограничувања за негова кандидатура.

„Убеден сум дека, ако можев да се кандидирам повторно, ќе го мобилизирав мнозинството американски граѓани да застанат зад мојата платформа“, рекол Обама, посочувајќи на неговата порака за инклузивност и помагањето на средната класа Американци.

Неколку часа по објавата на интервјуто, новоизбраниот претседател Доналд Трамп одговори на Твитер.

„Претседателот Обама мисли дека би победил против мене. Тој може тоа да го каже, но јас велам – нема шанси! Невработеност, ИСИС, Обамакер и.т.н.“, напиша тој на социјалната мрежа.

Дискусијата во интервјуто била целосно хипотетичка, бидејќи Уставот на САД, го лимитира Претседателот на два мандати.

Дејвид Акселрод, поранешниот советник на Обама кој го направи интервјуто, во изјава за СНН изјавиле дека според него тој бил фрустриран дека неговото претседателство завршува откако неговата партија претрпи многу драматичен пораз.