„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрдеа од горена пластика се шири и никој не рагира“, стои во реакцијата на 02 Иницијатива.
Еко-активистите прашуваат дали постојат служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување?
„Постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30 часот и не го видел ова? И никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред се за нив!“, реагираат од О2 Иницијатива.
И сето ова, велат од иницијативата, е на 100 метра од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“-Скопје, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина.
„На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо. И затоа ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми а на терен и во суштински НИШТО“, соопштуваат од О2 Иницијатива, објавувајќи видео и повикувајќи ги МВР, Град Скопје и Инспекторат за реакција.