О2 иницијатива: Пропадна јавниот повик за изградба на тешка, загадувачка индустрија во Гази Баба

Пропадна јавниот повик за изградба на тешка и загадувачка индустрија во Гази Баба, во округот на скопска Железара. Како што соопштија од О2 иницијативата, доделувањето под закуп на 99 години на градежно земјиште, сопственост на РМ за изградба на Г1 – тешка и загадувачка индустрија во Гази Баба не успеа.

„Иако нашето барање испратено во ноември 2018 год. до општина Гази Баба да се прекине јавниот повик не беше усвоено, наддавањето не беше успешно, поради своевидна грешка во системот. Единствениот наддавач, фирмата Локо Транс од Чешка поднела жалба, но не била усвоена. Се спровело вештачење на целиот процес на јавно наддавање од страна на овластена ИТ компанија врз кое ја донеле одлуката за одбивање на жалбата. Со тоа случајот е затворен“, соопштија од О2 иницијатива.

Од Иницијативата потсетуваат дека пред Уставен суд се уште стои предметот за овој ДУП за Градска четврт С17 Блок 1.