Њујорк тајмс: НСА шпионирала повеќе од 100.000 компјутери

Американската национална агенција за безбедност (НСА)инсталирала шпионска програма во повеќе од 100.000 компјутери низ целиот свет поради надзор над нив, пишува Њујорк тајмс.

Њујорк тајмс: НСА шпионирала повеќе од 100.000 компјутери

Најчесто софтверот се инсталирал преку упад во компјутерските мрежи, но НСА се повеќе употребувала тајна технологија, што и давала можност да влегува и да ги менува податоците во компјутерите, дури тие и да не биле поврзани со Интернет, покажуваат документите на агенцијата, на компјутерски експерти и на американски службеници, цитирани од весникот.

Радиотехнологијата, употребена од НСА почнувајќи од 2008 година, дава можност за пренесување на радиобранови од минијатурна апликација или УСБ стик, поставени тајно во компјутерот, додека инсталирањето на хардверот можело да биде изведено од шпион, од производител или од несомнителен корисник.

Овој проект НСА го нарекла „активна одбрана” и го користела за да ги надгледува единиците во кинеската и руската војска, нарко картелите, трговските институции во ЕУ, а понекогаш и американските партнери во борбата против тероризмот, како што се Саудиска Арабија, Индија и Пакистан, наведува Њујорк тајмс .

Оваа софтверска мрежа исто така може да формира дигитален пат преку кој може да се поттикнат сајбер напади, стои во извештајот на агенцијата. Според Њујорк тајмс технологијата која агенцијата ја користи веќе неколку години се базира на радио бранови кои може да бидат пренесени и со минијатурни струјни кола и УСБ картички тајно вградени во компјутерите.