Новиот баг може да има катастрофални последици за безбедноста на интернетот

Откриен е „Heartbleed“ баг за кога експертите предупредуваат дека може да има катастрофални последици за безбедноста на интернетот.

Новиот баг може да има катастрофални последици за безбедноста на интернетот

Големите компании се предупредени веднаш да ја надградат безбедноста на своите сервери на интернет, додека на корисниците им се препорачува да ги сменат шифрите на телефоните и на компјутерите, пренесе МИА.

Багот „Heartbleed“ може да ја мине секоја заштита на компјутерот, поради што сите лични податоци станаа достапни. Багот ја користи грешката во „OpenSSL“, софтверот кој поголемиот број интернет-страници го користат за чување на податоци.