Нови обвинувања за активистите на Гринпис, уапсени во Русија

Руските власти соопштија дека активистите на Гринпис, инволвирани во протестот против експлоатацијата на нафта во Арктикот, ќе се соочат со нови обвинувања.

Нови обвинувања за активистите на Гринпис, уапсени во Русија

Претставник на рускиот истражен комитет денеска соопшти дека не е исклучено некои од уапсените 28-мина активисти и двајца новинари да бидат обвинети и за насилства против службени лица, објави Радио Слободна Европа.

Вчера пак беше соопштено дека обвинението за пиратство против активистите на Гринпис би можело да биде заменето со обвинение за хулиганизам, за кое е предвидена помала затворска казна.

Максималната казна за претходните обвиненија беше 15 години затвор, а за сегашните до 12 години затвор. Меѓународната организација „Гринпис“ ја повика Русија да ги ослободи нејзините активисти.

„Ќе ги оспориме исфабрикуваните обвиненија за хулиганство толку остро, колку и оние за пиратство. И двете обвиненија се плод на фантазија, која нема ништо заедничко со активноста“, рече Владимир Чупров од „Гринпис-Русија“.

Руската крајбрежна стража ги уапси активистите на Гринпис во септември кога протестираа кај платформата на Газпром во Арктикот.