Нови 46 случаи на заразени со коронавирус, вкупната бројка се искачи на 663 лица

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во државава, односно по градови, 13 случаи се регистрирани во Куманово, 12 во Скопје, осум во Прилеп и Велес, два случаи во Струга и по еден случај во Тетово, Кочани и Пробиштип, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

Со ова, вкупната бројка на пациенти дијагностицирани со Ковид-19 се искачи на 663 лица.

„Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје -194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571  тестирања на Ковид-19“, информираат од МЗ.

Во текот на вчерашниот ден почина 27-годишна родилка од Куманово, која на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новороденче кое е негативно на вирусот. Од МЗ информираат дека таа ќе биде евидентирана во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје – 273, Куманово – 143, Дебар – 49, Прилеп – 46, 30 случаи во Тетово и Струга, Штип – 20, Кочани – 19, Велес – 18, Битола – 8, четири случаи во Гостивар, Гевгелија и Радовиш, по три случаи во Кавадарци, Крива Паланка, Крушево и Охрид, два случаи во Струмица и еден случај во Пробиштип.