Нова година, нови закони: што се менува во светот на 1 јануари 2016 година

Институционални промени, закони и регулативи стапуваат во сила секоја година со почетокот на новата. Од петокот, истополовите бракови се легални во Естонија, првата поранешна советска република што го сторила тоа, увозот на одредена турска храна се забранува во Русија, а холандските продавници веќе нема да даваат бесплатно пластични кеси.

Стокхолм и Копенхаген се подготвуваат да воведат проверка на идентитетот на луѓето кои пристигнуваат во Шведска од Данска, една од главните точки во рутата на бегалците, и покрај тоа што новите правила нема да стапат на сила до понеделник (4 јануари).

За две недели, се воведува системот пар/непар во Њу Делхи во обид да се намали загадувањето во градот. Законот, кој не се однесува на такси возилата, автобусите, автомобилите кои се движат со природен гас, или на кој било женски возач, е обид да се намали метежот и загадувањето во градот каде што 1 500 автомобили возат на патиштата секој ден и квалитетот на воздухот е оценет како „многу лош”.

Всушност, 2016 е година на регистрацијата. Јапонија воведува социјално осигурување и данок за регистрација што жителите мора да го носат со себе постојано. Во Франција, продажбата на кучиња и мачки, ќе стане повеќе бирократска, со данок за регистрација кој ќе биде потребен за се изврши продажбата. Бројот на регистрацијата мора да биде објавен во сите реклами за животните. Овој закон е наменет за да има рамноправност меѓу приватните продавачи и целосно лиценцираните одгледувачи.

Во однос на животните, во американската држава Илиноис ќе се смета за строг прекршок ако се остави милениче надвор во екстремни температури. Забраната, која се однесува за екстремна топлина и студ, е напишана откако голем број кучиња починаа минатата зима, кои биле оставени надвор на температури под нулата. Законот предвидува казна до една година затвор и парична казна од 2500 долари.

Електронските цигари ќе се забранат во повеќе земји. Од 1 јануари, ќе биде нелегално да се продава тутун со вкусови на грозје и вишна во Онтарио, Канада. Со законот се забранува продажба на електронски цигари и испарувачи на лица под 19 години, исто така, ќе стапи на сила во покраината. Старосната граница ќе биде уште поригорозна на Хаваи, каде што станува нелегално да се продаваат производи од тутун и електронски цигари на лица под 21 година. Во американската држава Орегон, се прошируваат законите со кои се забранува пушење на работните места, ресторани и затворени јавни места со цел да се поттиснат електронските цигари, наргилето и други инхалаторни уреди. Во Ирска, од 1 јануари е нелегално да се пуши во автомобил ако е присутно и дете.

Во други земји пак, 2016 година е добар почеток за жените – избраните женски претставници ќе ги заземат своите места во Саудиска Арабија по изборите од минатиот месец, додека првиот министер на Северна Ирска ќе се повлече, отворајќи го патот за првата жена лидер на покраината Арлен Фостер.

Во Германија, пак, новите правила влегуваат во сила според кои, надзорните одбори на големите компании мора да содржат најмалку 30 отсто жени.

Во Велика Британија, забраната за пушење во затворите ќе биде отстранета по седум години борба, магистрираните студенти ќе можат да аплицираат за студентски кредити и правилата кои се однесуваат на електричните велосипеди ќе бидат усогласени со оние во Европа, а жените не мора да се пензионираат на 65 години.

Позначајни институционални промени ќе настанат откако Холандија го презеде претседателството на ЕУ, Јапонија е домаќин на самитот на Г-7, и Вроцлав во Полска и Сан Себастијан во Шпанија станаа европски престолнини на културата.