Нов референдум за независност на Шкотска пред мај 2021 година

Шкотска би требало да одржи референдум за независност пред да заврши мандатот на сегашниот состав на шкотскиот парламент во мај 2021 и ќе подготви закони за спроведување на референдумот, изјави шкотската премиерка Никола Стурџон.

„Изборот меѓу брегзитот и иднината на Шкотска како независна европска нација би требало да биде понуден за време на составот на овој парламент“, кажа Стурџон, а пренесува Ројтерс.

Нацрт закон ќе биде составен пред крајот на 2019 година за да се одржи референдумот, додаде премиерката.

Шкотска е дел од Обединетото Кралство веќе 300 години и ја отфрли независноста со 10 отсто на референдумот во 2014 година. Разликите во однос на брегзитот ги оптоварија односите во Британија.

Шкотска и Северна Ирска гласаа да останат во ЕУ на референдумот во 2016 година, додека Велс и Англија гласаа за заминување.