Нов албум на британското дуо Underworld

Underworld го најавија излегувањето на својот нов албум, шест години по излегувањето на „Barking“. Албумот е насловен „Barbara Barbara, we face a shining future“ и официјално ќе излезе во продажба на 18 март, 2016 година.

Од британското електронско дуо, формирано во 1987 година од Rick Smith и Кarl Hyde, објавија и неколкуминутно аудио парче од новиот албум.

Дуото исто така, ги објави и датумите на претстојната мини европска турнеја.