Норвешка ќе им дава по 3 250 евра на бегалците кои нема да добијат азил

Бегалците кои побарале, а не добиле азил во Норвешка, ќе добијат од владата на оваа земја по 3 250 долари, при враќањето во нивните земји, најави норвешката министерка за имиграција и интеграција, Силви Листхау.
Оваа сума сега е зголемена за една третина, а ќе им биде исплатена на првите 500 бегалци, чии молби за азил се отфрлени, а кои ќе се согласат доброволно да ја напуштат земјата, појасни Листхау. Покрај ова, бегалците ќе добијат и бесплатен билет за авион во еден правец.
„Ќе се обидеме да убедиме повеќе луѓе да се вратат доброволно, а ќе им исплатиме поголеми суми доколку ја напуштат земјата“, вели Листхау.
На овој начин, според министерката, Осло ќе заштеди многу пари, затоа што издржувањето на бегалците во прифатните центри е многу скапо. Ако се покаже дека за иницијативата има интерес, рокот од месец и половина ќе биде продолжен, велат властите. Минатата година, во Норвешка се поднесени 31 000 молби за азил, а се очекува годинава овој број да се зголеми за неколку илјади.