Ноам Чомски: Републиканската партија на САД е најопасната организација во историјата

Американската Републиканска партија е најопасната организација во човечката организација, изјави авторот и академик Ноам Чомски на интервју за ББЦ.

„Ова е срамна изјава, и кога прв пат ја кажав, си помислив дека е така. Но вистина е“, вели тој.

На прашање на новинарот Еван Дејвис дали партијата е навистина полошо од организација како ИСИС, Чомски рекол: „Дали е ИСИС посветена на обидување да ги уништи можностите на организираното човеково постоење?“.

„Што значи да кажеш не само дека нема да направиш ништо да ги спречиш климатските промени, туку и да се обидеш да ја забрзаш трката до уништување? Не е важно дали искрено веруваат во тоа или не. Ако последицата на тоа е „Ајде да користиме повеќе фосилни горива, да одбиеме да ги субвенционираме земјите во развој, да ги елиминираме регулативите кои ги намалуваат стакленичките гасови“. Ако е тоа последицата, тоа е екстремно опасно“.

Академикот претходно тврдеше дека Републиканците се „вчудовидувачки“ посветени на уништување на човечкиот живот на Земјата.

Прашан за последиците на претседателството на Доналд Трамп, Чомски одговорил: „Главната штета која тој ќе ја нанесе е на светот, и веќе се случува. Најзначајниот аспект на изборот на Трамп, и не само на Трамп туку и на целата Републиканска партија, е тоа што ќе го свртат грбот на цел свет во однос на климатските промени“.

Вели дека тоа е „егзистенцијална закана“, и дека штетата нема да се нанесе само на САД, туку преку одбивањето да се справи со климатските промени, Трамп ќе го загрози целиот свет.