Ниту еден балкански универзитет меѓу 500 најдобри во светот

Ниту еден балкански универзитет меѓу 500 најдобри во светотСпоред најновото истражување на QS World University Ranking 2013/2014, ниту еден универзитет од државите од Балканот не е меѓу 500-те најдобри универзитети во светот.

На листата на најдобри светски универзитети, од државите од регионот најдобро е рангиран Универзитетот во Љубљана, кој се наоѓа во групата универзитети од 551-600 место.

Од останатите во регионот, Универзитетот во Загреб е во групата на универзитети меѓу 601 и 650 место. Од државите од Балканот, само Србија има свој претставник на таа угледна листа, а тоа е Универзитетот во Белград кој се наоѓа на 701 место.

Претставници на таа листа меѓу најдобрите универзитети во светот немаат БиХ, Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово.

Универзитети од регионот не се добро пласирани ниту според минатогодишната листа на Webeometrics од Шпанија која е оформена во Советот за научни истражувања.

Според тоа истражување, најдобар универзитет од Балканот е во Загреб на 446 место, следува Универзитетот во Белград на 716 место. Само тие два универзитета од регионот се меѓу најдобрите илјада во светот.

Најдобар универзитет во светот според QS е Massachusetts Institute of Technology (MIT), следува Универзитетот во Харвард, Кембриџ, Империјал колеџ Лондон, Оксфорд, Стенфорд, Jејл, Универзитетот во Чикаго и Kалифорнискиот институт за технологија. Меѓу 20 најдобри, 11 се американски и шест британски.