Нил деГрас Тајсон: Америка е научно неписмена

Нил деГрас Тајсон, еден од најпознатите американски научници, изјави дека „Америка ја става својата иднина под хипотека бидејќи е научно неписмена“.

ДеГрас Тајсон, кој е директор на Хајден планетариумот од 1996 година, а е познат и како ко-автор и водител на научниот серијал Cosmos: A Spacetime Odyssey, на научна конференција во Гринсборо колосеумот рекол дека Америка знае премалку за науката и тоа е опасно за нацијата.

„Последицата на тоа е што развиваме генерација на луѓе кои не знаат што е наука, ниту како и зошто функционира. Сме ја ставиле под хипотека финансиската безбедноста на нашата нација. Иновациите во науката и технологијата се основата на економијата на иднината“.

Како за споредба го искористил примерот на Блискиот Исток.

Пред 1000 години, математиката и науката процветале во регионот, алгебрата и алгоритмите биле измислени, како и арапските броеви. Се додека свештеник во 12-тиот век ги прогласил за „земски задоволства“, и им наложил на „добрите муслимани да се грижат само за спиритуалното“.

Рекол дека после тоа, научната писменост опаднала во регионот, а истото може да се случи и во САД доколку не бидат внимателни.

Претседателот Доналд Трамп го постави Џери Фалвел Јуниор, претседател на Либерти Универзитетот, како претседател на администрацијата на Трамп задолжен за високото образование во САД.

Њујорк Тајмс објави дека Либерти има 14 илјади студенти, од кои најголем дел се евангелисти. Универзитетот кој се наоѓа во Вирџинија има и 65 илјади студенти онлајн.

Кевин Рус, заменик претседател на образовниот едиторијал на Фјужн, поминал еден семестар на универзитетот притаено, а потоа известил за искуството во својата книга. На Твитер објавувал фотографии од книгите од кои се учи на факултетот.