Никола Маџиров меѓу најдобрите 50 поети на листата на Гардијан

Британскиот весник „Гардијан“ ја објави листата на најдобрите педесет светски љубовни песни напишани во последните 50 години, на која се наоѓа и Никола Маџиров.

Никола Маџиров меѓу најдобрите 50 поети на листата на Гардијан

Листата е направена од видни британски критичари и поети, кои како што нагласува „Гардијан“, овој пат не се фокусираат на класиците, туку се решаваат за современи автори од Шкотска до Саудиска Арабија, од Пакистан до Нигерија, пренесе МИА.

На листата освен Маџиров се наоѓаат поети добитници на Нобеловата награда за литература како Дерек Волкот, сè до Тед Хјуз, Назим Хикмет, Маргарет Етвуд, Ружевич, Бонфоа, Маја Ангелоу како и годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата и сериозен кандидат за Нобеловата награда, корејскиот поет Ко Ун.

По објавата во „Гардијан“ листата се промовира во сите земји во светот, а официјалната промоција ќе се случи овој месец со читање во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, на која ќе настапи и Никола Маџиров.