„Нетфликс“ ќе го намали квалитетот на стримингот во Европа

Европските корисници на „Нетфликс“ наскоро ќе забележат намален квалитет при стримањето на содржини.

Компанијата „Нетфликс“ се обидува да го намали квалитетот на стримање во Европа поради пандемијата на коронавирусот. Целта е да се намали широчината на мрежата низ Европа за 25% и да се осигура интернет врската во време на глобална пандемија.

Бидејќи луѓето низ целиот свет се приморани да останат дома, се очекува дека голем дел од забавата на оние кои ќе применуваат социјално дистанцирање, да бидат токму стриминг платформите.

Намалувањето на стрим квалитетот во Европа се очекува да трае 30 дена.

Европскиот комисионер за внатрешни маркети и сервиси, Тиери Бретон, побарал од „Нетфликс“ да помогне при намалувањето на европската интернет инфраструктура. Според Бретон, тој телефонски разговарал со европскиот директор на „Нетфликс“, Рид Хејстрингс за ненадејните околности. Било побарано корисниците да преминат од „висока резолуција“ во стандарден квалитет за да се помогне при можните проблеми со интернет конекцијата.

Грижите околу интернет преоптоварувањето се потковани бидејќи масовен број на корисници стримаат содржини во висока резолуција. „Нетфликс“ согорува околу 15% од светскиот интернет сообраќај, според истражувањето направено при крајот на 2018 година. Сепак, тоа е бројка за во нормални услови, кога луѓето не седат дома и присуствуваат на надворешни активности.

Извор: Mashable