„Недовршена приказна“, изложба на Вера Христовска во АКСЦ

Во сабота (четврти април), со почеток од 20 часот во Автономниот Културно Социјален Центар (АКСЦ) во Скопје ќе се изложат фотографиите и цртежите на Вера Христовска.

Изложбата се состои од околу 15 цртежи работени во бел, сув пастел на црна хартија и 15 фотографии кои се работени неколку години и на повеќе локации, поради што изложбата е насловена како „Недовршена приказна“.

Христовска е родена во Германија, но живее во Битола каде претежно работи на графички дизајн и фотографија. Освен како уметница, многумина ја познаваат и како диџејка, па на својот настап ќе се претстави со музичка програма заедно со Димитар Додовски.