Недела на отворени предавања за млади и возрасни во Планетариум

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да посетат предавање од општа астрономија во единствениот Планетариум во Македонија, во деновите од 19 до 24 септември ќе се организираат предавања за сите заинтерсирани.

Заинтересираните единствено треба да се пријават во групите, поделени според староста на посетитлите.

„Предавањата се во живо и се прилагодуваат според староста и предзнаењата на посетителите. Групите се ограничени на 70 посетители а билетот ќе чини 100 денари. Во групата наменета за најмалите возрасти нема да може да се вклучуваат деца под 6 години, а оние што имаат 6 и 7 години препорачливо е да дојдат со еден свој родител“, велат од МКЦ.

Билети можат да се извадат секој ден од 10 до 20 часот на билетарницата на МКЦ.

Целосен распоред на предавањата:
19.09.2018 (среда) – во 20:00 – за деца од 6 до 9 години
20.09.2018 (четврток) – во 20:00 – за посетители над 16 години
21.09.2018 (петок) – во 20:00 – за посетители над 16 години
22.09.2018 (сабота) – во 20:00 – за посетители над 16 години
24.09.2018 (понеделник) – во 20:00 – за посетители од 10 до 14 години