Со проекција на „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, Кинотеката на Македонија денес ја почнува Неделата на босанско-херцеговски филм.
Освен филмот на Тановиќ, прикажани ќе бидат и првенецот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел“, кој доби „Златен лав“ во Венеција за дебитантски филм, како и филмовите кои ги одбележаа шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години не само во босанско-херцеговската, туку и целата југословенска кинематографија.
Како што информираат од Кинотеката, „Битката на Неретва“ на Вељко Булаиќ, кој бил номиниран за „Оскар“, „Жена со пејзаж“ на Ивица Матиќ и „Глув барут“ на Бахрудин Бато Ченгиќ се заслужено дел од овој избор.
Во продолжение, целата програма: