Натпревар за млади бендови кои творат на тема антикорупција и борба за социјална правда

„Фер Плеј“ е натпревар за оригинални песни направени од млади музичари на тема антикорупција, интегритет и борба за социјална правда.

Тие се повикани да се пријават онлајн со музички видеа чија тема е антикорупцијата и најдобрите два бенда ќе имаат можност да заминат во Данска и да учествуваат на Интернационалната конференција за антикорупција, која се одржува во различна држава на секои две години.

„Фер Плеј“ е отворен за секој соло уметник, бенд или група чии членови се помеѓу 18-35 години од секоја националност и држава.

Бендовите мора да се пријават со музичко видео на тема корупција.

Групите не треба да е составена од повеќе од осум членови.

Сите песни мора да се оригинални (не преработки).

Пријавите може да содржат монтирани или видеа во живо (не фотографии).

Сите песни мора да ги обработуваат темите: антикорупција, интегритет и борба за социјална правда. Видеото мора да претставува само една песна (не компилација).

Текстот може да биде во кој било јазик, но сите музичари мора да достават и англиска верзија.

„Фер Плеј“ ги покрива трошоците за пат, храна, сместување, како и 500 евра за секој бенд што ќе биде избран. Од настапувачите се очекува сами да ги покријат трошоците за осигурување, виза и дополнителни трошоци во Копенхаген.

Музичарите мора да бидат достапни да патуваат и да настапуваат од 20-ти до 25ти октомври 2018 година.

За учество во натпреварот, потребно е да се пополни пријавата достапна на следниот ЛИНК.

Сите пријави треба да бидат испратени најдоцна до 1 август.

Победниците ќе бидат соопштени преку веб-страницата на „Фер Плеј“ на 20 август, понеделник.

Победниците ќе бидат контактирани преку телефон и/или мејл.

Повеќе информации може да се најдат на официјалната веб-страница.