Европската комисија го иницираше натпреварот во пишување насловен „Што претставува проширената ЕУ за вас?“, целејќи кон младите од ЕУ, како и кон оние од земјите што се вклучени во процесот на проширување. Победниците ќе добијат дводневна посета на Брисел и е-читач.
Во 2014 година се одбележува 10-годишнината од најголемиот циклус на проширување на ЕУ, со пристапувањето на десет земји. Денес перспективата на ЕУ е отворена за Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Исланд, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.
Во овој контекст, натпреварот ќе им овозможи на младите луѓе (на возраст од 15 до 25 години) да ги споделат своите ставови за следниве теми:
-Што може да научи денешната Европска Унија од 28 земји-членки од своето минато за да ја подобри својата иднина?
-Што претставува проширената ЕУ за вас?
Учесниците се повикуваат да напишат една статија (од најмногу 700 збора) или најмногу три објави на блог (сите заедно да содржат најмногу 700 збора). Натпреварот ќе трае до 11 мај 2014 година. Националните жирија ќе изберат по една пријава од секоја возрасна група (учесници на возраст од 15 до 18 години и на возраст од 19 до 25 години), којашто понатаму ќе биде оценета од страна на меѓународното жири. Најдобрата пријава од секоја категорија ќе ја добие главната награда.
Повеќе информации во врска со натпреварот во пишување и со условите за учество ќе најдете на: http://ec.europa.eu/enlargement