Булеварот „Климент Охридски“, официјално велосипедска лента, неофицијално, со стимул од Министерство за внатрешни работи со политика на неказнување, пренаменета е во „паркинг на 5 минути“, реагираат од велосипедската иницијатива НаТочак.
Вело-активистите преку реакцијата објавувуваат и фотографија со возила кои го узурпираат велосипедскиот простор.
„Град Скопје, да потсетиме, ‘Скопје Велоград’ е концепт од асфалтирање сообраќајна површина, меѓудругото подразбира и функционалност, возливост и безбедност на оние кои сообраќаат на истите“, стои во реакцијата на НаТочак.