Наставници, воспитивачи и родители можат да се пријават за националната веб-платформа за образование

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации креира база на идни корисници на националната веб платформа за образование, наменета за воспитувачи, одделенски наставници и родители, како и сите кои работат со деца од 3 до 10 години!

Сите заинтересирани можат да го пополнат следниот формулар со што ќе бидат додадени во #Inno4Edu базата на заинтересирани идни корисници и ќе добиваат информации за сите можности за идно вклучување.

Националната веб платформа за образование, која ќе биде наскоро лансирана од Бирото за развој на образованието, ќе има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација. Платформата ќе биде место каде одделенските наставници, воспитувачи и родители ќе можат да ги пронајдат потребните материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, за имплементирање на нови начини на учење преку игра и креативни алатки за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата од 3 до 10 години.

Организаторите повикуваат сите заинтересирани да се вклучат и да придонесат во процесот на креирање на подобро образование за новите генерации.

Формуларот за пријава може да го најдете на следниов ЛИНК.