Наставнички пленум: Политички партии, подалеку од нашите деца!

Наставничкиот пленум преку соопштение насловено „Политички партии, подалеку од нашите деца!“, најостро ги осудува неодамнешните настани во училиштата во Скопје, Штип и Битола во кои, како што велат, се инволвирани основци и средношколци и се злоупотребени за политички цели.

„Сметаме дека одредени политички групации грубо ги манипулираат и злоупотребуваат учениците додека надлежното Министерство молчи. За Наставничкиот пленум сите наставници и директори кои ги користат учениците за нивните политички цели се срам за оваа благородна професија“, реагираат од Пленумот.

Апелираме до истите да не ги изложуваат учениците на непријатни ситуации и го повикуваат Министерството за образование и наука соодветно и благовремено да реагира и да ги осуди ваквите настани.

„Исто така апелираме до Народниот правобранител и до Хелсиншкиот комитет да ги истражат сите настани и да преземат соодветни мерки, како и да се известат сите странски амбасади за злоупотреба на малолетни лица во политички цели“, стои во соопштението од Наставничкиот пленум.