Наставничка од Јужна Африка е суспендирана поради расна поделба

Учител во Јужна Африка е итно суспендиран откако се појави фотографија од нејзините ученици кои седат во клупа, одвоени според својата раса.

Локалните власти велат дека „силно го осудуваат” инцидентот и ја отстранија наставничката додека се спроведува истрагата.

Би Би Си објавува дека Швејзер-Ренеке е конзервативен рурален град со население од нешто помалку од 50.000, опкружено од фармерска заедница составена главно од бели Африканци.

Село Лехер, министер за образование од Северозападната провинција, рече дека објаснувањето на училиштето било дека “учениците се поделени според јазикот на кој говорат, африкански или англиски.“

Тој додаде: „Ние ја суспендираме затоа што сакаме фер истрага“.

Расизмот еé уште е длабоко вграден во Јужна Африка, иако мина четврт век откако се оконча владеењето на белото малцинство. Јазичната политика историски бешее користена за да се исклучат црните ученици.

Демонстранти се собраа во училиштето во четвртокот наутро, од кои многумина се поддржувачи на партијата на опозициската ЕФФ во Јужна Африка, јавија локалните медиуми.

Некои бели родители ги отстранија своите деца од училиштето затоа што се плашат за својата безбедност.

Провинцискиот министер за образование, Село Лехаре, беше испратен во училиштето во малото гратче Швајцер-Ренеке за да ги утврди фактите. По средбата со вработените во училиштето и претставниците на одделот за образование, потврди дека предметната наставничка е суспендирана.

„Како Влада би сакале да ја осудиме секоја форма на расизам, намерна или не, и длабоко жалиме за овој несреќен инцидент што се случува во нашата земја која живее 25 години во демократија”, изјавија од Владата.