Скопскиот инди поп бенд June во недела ќе настапи на летната сцена Наутилус Конструкт, на кејот на реката Вардар сместена под МКЦ. Неделно матине започнува во 13:00 часот, а сцената ќе биде разубавена и со изложбата на фотографии на Ана Лазаревска , кои се направени за време на изградбата на сцената.
„June овој период се изнасвиреа на разни фестивали и концерти во странство и едвај ги дочекавме да се вратат и да ни споделат дел од насобраната енергија. Соберете ги дечковците, женските, кучињата, децата и бебињата и дојдете да ги слушате нивните инди поп џези инструментални песни на отворено небо на летната сцена Наутилус Конструкт на кејот на реката Вардар под МКЦ“, се наведува во повикот за настанот.
Организаторите најавуваат сончево време, идеално за поминување надвор и слушање супер музика, како и слободен влез.