Настанот SHE. во Скопје – инспиративни приказни на талентирани и успешни жени

Иницијатативата SHЕ. заедно со Симфони Солушнс во Скопје го организира својот прв настан фокусиран на жената и нејзините достигнувања. Настанот ќе се одржи на 12 декември во канцелариите на Симфони Солушнс,  со почеток од 18:00 часот.

„На третиот по ред настан, насловен SHE. Leads ја имаме честа да ја слушнеме успешната приказна на нашата гостинка Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија. Позната по нејзината борба за родова еднаквост и поддржувач на развојот на жената-претприемач, Валентина е исто така и основач и иницијатор на неколку невладини организации во Македонија и регионот“, најавуваат организаторите.

Настанот е од отворен тип и со секоја купена карта се донираат по 300 денари на СОС Детското село.

Иницијативата SHE. е серија настани со хуманитарна цел, досега успешно организирани во Украина и Полска, и има за цел да ги сoбере на едно место сите оние кои сакаат да чујат инспиративни приказни на талентирани и успешни жени од различни индустрии.