Настан за обединување на стартапи од цела Македонија

Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија да им се приклучат на стартап дискусија во вторник (07.02.2017 во инкубаторот. Oвој настан е дел од Startup Europe Week – Skopje 2017.

„Време е да им дадеме глас и на стартапите од другите градови, не само од Скопје. Има фантастична стартап сцена во Македонија и сакаме да ја запознаеме и здружиме“, велат организаторите на настанот.

Како гости од Битола се најавени Петар Котевски, основач на KAMAi MEDIA и член на Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА , и Благоја Стојчевски, ко-основач на Тримод Тим. Исто така и Резервирај.мк, прилепчани и еден демирхисарец што работат во Скопје, но и Гого Рафајловски од SEEU TechPark од Tетовo.

Организаторите најавуваат и презентации од Microsoft Macedonia, кои ќе ја претстават својата BizSpark програма за стартапи. Преку оваа програма стартапите можат да аплицираат за бесплатен софтвер. Освен ова, студентската организација AIESEC Macedonia која ќе ја претстави својата програма за глобално претприемаштво. AISEC сака да отвори соработка со македонски стартапи за практикански позиции на младите претприемачи.

„Настанот ’Startup Macedonia – the importance of diverse interconnectivity’ се организира во рамките на Startup Europe Week – Skopje 2017.  Eвропската стартап недела завршува во петок, (10.02) кога ќе има голема конференција“, стои во повикот за настанот.