Наскоро Саем за вработување и кариера – Job Fair 2013

Наскоро Саем за вработување и кариера - Job Fair 2013Студентите наскоро ќе можат да го посетат 9-тиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2013, најавуваат од БЕСТ Скопје.

Саемот ќе се одржи на комплексот на техничките факултети во периодот од 22-ри до 24-ти април 2013 година.

Свеченото отварање ќе биде на 22-ри април, а на 23-ти и 24-ти април, во склоп на техничките факултети ќе бидат поставени штандови, каде студентите ќе имаат можност да стапат во директен контакт со потенцијалните работодавци, како и да го остават своето CV.

Распоредот за активностите на настанот ќе биде објавен наскоро а сите заинтересирани студенти ќе може да се пријават на предавањата кои само за студентите ќе бидат бесплатни.

Повеќе информации, многу наскоро, на официјалната страна www.jobfair.org.mk