НАСА денеска за првпат ќе прикаже полетување на ракета, но со видео во 360 степени. Преносот во живо ќе започне во 11:11 часот наутро по локално време, или во 17:11 часот попладне во Македонија.
Целта на лансирањето на оваа ракета е да се транспортираат потребни материјали до Интернационалната вселенска станица, а ќе трае 30 минути.
Видеото со 360 степени преглед ќе биде достапно за следење на Јутјуб каналот на НАСА. Преносот ќе започне десетина минути пред лансирањето на ракетата.
Иако минималното безбедно растојание за гледање обично е неколку километри, овој стрим им ветува на гледачите одблизу да го следат моќното лансирање на ракетата.
Ракетата со себе ќе пренесува повеќе од 3447 килограми научни истражувања, материјали за екипажот, како и други материјали наменети за лабораторијата.
НАСА во соопштението нагласи дека луѓето кои имаат слушалки за виртуелна реалност ќе имаат можност да се почувствуваат како да се веднаш до рампата за лансирање.