Ветеринарите не можеле да дадат одговор зошто бездомните кучиња имаат светло сина и зелена боја на крзното, откако глутници на обоените кучиња истовремено се појавиле во два руски градови оддалечени стотици километри.
Во првиот случај, глутница на кучиња обоени со светло сина боја биле забележани во Дзержинск, град источно од Москва.
Кучињата живееле близу напуштени фабрики за стакло и хемиска плантажа за производство на хидрогенски цијанид и плексиглас. Се верува дека кучињата ја добиле сината боја преку контакт со сина боја оставена во фабриката.
Многумина сугерирале дека станува збор за бакарен сулфат кој бил складиран во напуштените магацини во затворената индустриска зона.
Крзното на кучињата било тестирано, по што било пронајдено присуство на прускиот син пигмент. Кучињата се под надзор во ветеринарна клиника во соседниот град Нижни Новгород.
Дмитри Карелкин, водечкиот ветеринар во болницата, изјавил дека верува дека бојата на кучињата е поради контакт со некаква хемикалија, додавајќи дека сина боја има и изметот на кучињата.
Втората глутница од обоени кучиња, овојпат во јарка тиркизно-зелена боја, била пронајдена лутајќи на улиците на Подолск, место кое е на десетина километри јужно од рускиот главен град.
Група за заштита на животни начелно сметале дека кучињата биле обоени преку допир со боја истурена на улиците, но во вториот случај бојата не била отровна и кучињата биле здрави.
Фабриките од советската ера долго време се сметаат за загадувачи на околината во Русија.
Во 2016 година, властите за околина и екологија вовеле истрага бидејќи река која поминувала низ индустрискиот центар во Сиберија, добила црвена боја.
Извор: Independent