Под популарните слики на Ван Гог, Робин ги средува ноктите на својот клиент. Опремена со „прајмери“ и лакови, долгата маса под делата на холандскиот сликар го претвори музејот на Ван Гог во Амстердам во салон за нокти, пренесува BBC.
Ова е една од многуте културни објекти ширум Холандија кои вчера се приклучија на уникатен протест против недоследноста во владината политика за справувањето со КОВИД-19.
Според холандските правила, музеите, театрите, баровите и кафулињата не смеат да се отвораат, но фризерите, козметичарите и спортските сали можат. Затоа козметичарите нудеа уметност за нокти со цветови од цреша и ѕвездена ноќ, инспирирана од делата на Ван Гог.
„Посетата на музејот е безбедна посета, и подеднакво важна како одењето во салон за нокти, можеби и повеќе. Ние само бараме од нив да бидат доследни… да ги направат правилата на начин на кој сите ги разбираат. Во овој момент тоа се чини дека недостасува“, рече Горденкер.
Покрај овој музеј, во протестот се вклучи и Амстердамскиот дебатен центар „Де Бали“ кој ги заобиколи правилата отворајќи се како верска институција наречена Филозофско друштво-Заедница на разумот.
Музејот „Маурициус“ во Хаг, кој е дом на делото „ Девојката со бисерна обетка“ на Јоханес Вермер, организираше камп за вежбање, на прагот на парламентот во Хаг.
Музејот Панорама Месдаг, исто така во Хаг, понуди попладне за „засилување на вашиот ум“.
Today we organised a work-out in our exhibitions, as a statement against museums being closed (while gyms open). Loved the energy of this protest! #museumgym #opencultuur @NieuweInstituut pic.twitter.com/RkxJymalN7
— Hanna Piksen (@hapiksen) January 19, 2022
Музејот Лимбург на југоистокот беше меѓу оние кои се претворија во фитнес сала.
Според Горденкер од Музејот на Ван Гог, вчерашната акција се разликува од онаа на демонстрантите против карантин и вакцини. Секој што присуствуваше на перформативните акции мораше да покаже сертификат за вакцинираност и да држи физичко растојание и да носи маска.
Од другата страна на музејскиот плоштад во Амстердам, „Концертгебау“ повика 50 фризери на оркестарска проба на сцената. На холандските оркестри моментално им е дозволено да вежбаат, но не и да примаат публика.
Оркестарот рече дека е дизајниран „да ги збогати нивните животи со моќта на симфониската музика во време кога на сите им е потребна инспирација“.
Низ Холандија, персоналот знаеше дека може да биде прекинат за време на нивниот протест.
Градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема, беше еден од неколкуте градски водачи кои предупредуваа дека културните протести нема да бидат толерирани, без разлика колку стилски и да се тие.
Најновите бројки покажуваат дека минатата недела еден од секои 72 луѓе во Холандија бил позитивен на коронавирус. И покрај високата стапка на инфекција, приемите во болница продолжија да опаѓаат.
„На некој начин те прави жив“, рече Маријана, која ги средуваше ноктите под сликарско дело на Ван Гог.
Нејзината надеж беше дека владата ќе го види протестот и ќе разбере дека повторното отворање на културните институции е важно за менталното здравје на луѓето.