Најзагрозените видови цицачи во светот

Најмалку еднаш годишно, Меѓународната унија за заштита на природата ја објавува црвената листа на најзагрозени животински видови во светот, за да апелира за спас од истрбување на овие животни.

Оваа година, како и претходните, вестите не се добри. Дури 26% од цицачите на планетата се под закана, односно според категоризацијата, спаѓаат во „критично загрозени“, „загрозени“ или „ранливи“. Дури и оваа бројка е само проценка – експертите велат дека таа може да е најмалку 22%, а најмногу 37% од видовите цицачи во светот.

Најзагрозените видови цицачи во светот