Најстариот торент во светот е сè уште активен и по 12 години

Најстариот светски торент кој се уште е активен и се споделува е ASCII верзија на научно-фантастичниот филм „Матрикс“. Торентот е поставен на интернет во 2003 година, што значи дека постојано бил одржуван од ткн. „сидери“ во текот на изминатите 12 години, поточно 4.419 дена. Филмот уште се симнува по неколку пати неделно, иако сајтот на кој оригинално бил поставен, повеќе не постои.

Повеќето торенти „умираат“ откако јавноста ќе изгуби интерес за нив, односно извесно време откако и последниот корисник кој ја споделувал содржината, ќе престане да го прави тоа.  Во конкретниов случај, иако нема заеднички податоци од сите сајтови на кој бил хостиран, извесно е дека филмот преку овој торент бил симнат десетици илјади пати низ годините.