Најстариот човек на светот има 112 години

Јапонецот Масазо Нонака денес доби признание со кој и официјално е прогласен за најстариот човек на планетата со своите 112 години и 259 дена.

Нонака го прими признанието за Гинисовиот светки рекорд во својата куќа во Ашор на северниот јапонски остров Хокаидо.

Масазо Нонака е роден на 25 јули 1905 година и пораснал во големо семејство кое со генерации управува со бања, а денес бизнисот го предводи неговата внука.

Тој ја надживеал својата сопруга и две од неговите пет деца.

Од Гиниз велат дека Нонак станал најстариот човек на светот по смртта на Франциска Оливера од Шпанија која почина годинава на 113 години.