Најстарата фотографија од Лондон ќе биде изложена за јавноста

Најстарата фотографија од Лондон ќе биде изложена за јавноста, но на посетителите ќе им бидат потребни 32 560 евра ако сакаат да ја однесат оваа ретка слика во својот дом. Сликата се верува дека потекнува од 1840-та година и го претставува добро познатиот поглед во Лондон, кон споменикот на Големиот пожар, или често познат само како Споменик.

Таа претставува првиот успешен комерцијален обид да се создаде трајна фотографија од камера, што вклучува поправање на фотографијата на бакарна плоча. Фотографот на сликата се мисли дека е Антоан Клодет, студент на Дагер, или Ричард Бирд, кој го развил патентот за развивање на процесот и имал студио во близина на Споменикот.

Овој тип на фотографии се ретки за Лондон, бидејќи тогашните фотографи се фокусирале на сликање портрети, кои биле повеќе профитабилни од фотографиите со сцени од градот.

Фотографијата ќе биде изложена на лондонскиот Фестивал за фотографија, кој ќе трае од 19 до 22 мај, во Сомерсет Хаус.