Најмалку осуммина загинаа во стампедо на фестивал во САД

Најмалку осум лица загинаа, а има и повредени кога дојде до стампедо на вториот и последен дена на фестивалот „Астроворлд” во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас.

Како што соопштија локалните власти, на лице место пристигнаа десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал. Околу 300 луѓе биле третирани поради повреди како исекотини и модринки, а властите велат и дека повеќето од загинатите на фестивалот биле „трагично млади“.

На првиот ден на фестивалот, стотици луѓе во гужвата го урнаа влезот на настанот, соборувајќи ги детекторите за метал и безбедносната област за да влезат во концертот, објави новинската агенција ABC13.

На концертот имало повеќе од 50.000 посетители.