Најмалку четири жени победија на локалните избори во Саудиска Арабија

Најмалку четири жени од Саудиска Арабија освоија места во општинските совети на земјата во првите избори кои беа отворени за учество на жените икако гласачи и како кандидати. Ал Џезира потврди дека во три општини има избрано жени советници. Salma bint Hiab al-Oteibi освои место во Мадраках, регион во Мека, објави државната новинска агенција SPA.

Ова се слулчи откако годинава, една од најзатворените држави во светот во однос на правата на жените, реши да ја укине забраната за жените гласачи.  Кандидатката Oteibi се борела за советничкото место против две жени и седум мажи, соопшти претседателот на изборната комисија, Osama al-Bar. Според комисијата, како кандидати на изборите биле регистрирани вкупно 978 жени и 5,938 мажи. Се верува дека можност за гласање имале 1.35 милион мажи и 130 000 жени, јави Independent.

Малиот број регистрирани жени кои можеле да гласаат се припишува делумно на недостатокот на транспорт бидејќи жените се уште немаат законска дозвола за да управуваат автомобили во Саудиска Арабија.

Одржувањето на први избори на кои право да се кандидираат и да гласаат имаат и жените, се смета за голем чекор кон намалување на ограничувањата за жените во оваа земја.  Мажите и жените сепак гласале одвоено на гласачките места.