Најмалку 70 жртви и масовна евакуација откако Иран го зафатија огромни поплави

Десетици села и градови во јужен Иран се евакуираат откако властите предупредија на нови поплави во пограничниот регион со Ирак каде се наоѓаат повеќе реки и брани.

Континуираните поплави, кои започнаа во март, досега однесоа 70 животи, уништија голем дел од инфраструктурата и раселија илјадници луѓе низ Иран.

Министерот за внатрешни работи, Абдореза Рахмани Фазли изјави дека од поплавите во опасност се околу 400 илјади луѓе во провинцијата Кузестан. Заменик министерот за транспорт информирал дека вчера бил блокиран пристапот до 275 села и дека за време на поплавата целосно биле уништени 200 мостови и 400 километри патна мрежа.

Во следните денови се очекуваат големи врнежи, а според властите нивото на штета од последнава поплава не било забележано во поновата историја на Иран.