Најлошите интернет лозинки користени во 2013 година

Компанијата „SplashData”, која се занимава со безбедност на интернет ја прогласи „123456“ за најлоша лозинка од најчесто користените во текот на 2013  година.

Најлошите интернет лозинки користени во 2013 година

На врвот на листата се најдоа и лозинките  „password“ и „12345678“. Во продолжение погледнете ја листата со најлоши лозинки на SplashData, од каде уште еднаш порачуваат дека корисниците треба да внимаваат при изборот на комбинациите:

Најлошите интернет лозинки користени во 2013 година

„SplashData“ ги предупреди корисниците на интернет како лозинки да не ги користат имињата на веб сајтовите или апликации на кои пристапуваат. Оттаму советуваат:

„Користете лозинки со осум или повеќе различни карактери(бројки, букви). Но дури и лозинки со вообичаени додавки како „dr4mat1c” би можеле да бидат ранливи со новата хакерска софистицирана опрема. Еден оа начините да креирате побезбедна лозинка е користењето кратки зборови одвоени со цртички или други карактери. Подобро е да се користат неповрзани зборови, од добро познати фрази (на пример „cakes years birthday” или „smiles_light_skip?)

Избегнувајте користење исти лозинки и комбинации на различни сајтови. Посебно е ризично користење на иста лозинка за некој забавен сајт, за мејлот и за банкарската сметка. Користете различни лозинки за секој нов сајт на кој се пријавувате.“