Најдоброто од светот на анимацијата за 2014 година

Анимираните филмови донесоа со себе неверојатни приказни во веќе изминатата година, од бокс офисот до малите екрани. Пародии од џиновски роботи, милкшејк со лице и птици од паралелниот универзум заробени во нашите имагинации како и најновите дела на т.н. „гуру“ за stop-motion PES.

-„Breaking Bad“ успеа да се пробие во светот на анимацијата преку играта „Ryu vs. Jesse“ односно протагонистите од „Breaking Bad“ и „Street Fighter“.

– Аргентинските автобуси се претворија во смешна, интернет-пријателска пародија на „Transformers“.

– Со „ROYGBIV: A Pixar Supercut“ беа прикажани според боите на виножитото анимираните филмови на Pixar кои досега биле наградувани.

– Léo Verrier со својот анимиран филм „Dripped“ учеше за тоа како да ја одржуваме нашата креативност како Jackson Pollock со цел да изградиме уметнички идентитет.

– Mikey Please ни ја покажа неговата борба со перфекционизмот преку stop-motion филмот „Marilyn Myller“.

–  Rick Silva замисли какви би биле птиците во огромен паралелен универзум.

– Скенови од човековото тело создадоа смирувачки виртуелна реалност и надреален геометриски краток филм „Time of Flight“.

– „Marcel the Shell“ ни раскажа за тоа кога бил најизненаден во својот живот.

– Студиото „Ghibli“ на еден од најпознатите и најдобри аниматори, Hayao Miyazaki, најави дека е можно негово затворање, иако тоа се уште функционира во добра форма.

– 3Д филмот „Futurama“ на Alexey Zakharov.

– Во октомври, уметник употреби 3Д принтање за да направи филм без филм.

– На аниматорската сцена се појави Tobias Stretch кој станува се подобар и попознат пред публиката. Тој го направи видеото за песната „Unity“ на Christopher Bono.

– „Augmented reality“, рачно изработени анимации во комбинација со мобилен телефон ни покажаа приказни од секојдневниот живот.

– Познатиот „гуру“ за stop-motion филмови, PES, го објави својот најнов краток филм „Submarine Sandwich“.