Најдобрите фотографии од вселената направени со вселенскиот телескоп Хабл

Вселенскиот телескоп Хабл, долг 13 метри и со цилиндар чиј дијаметар е 4 метри, ги има направено најдобрите фотографии од вселената. Телескопот е лансиран на 24 април, во 1990 година, и 25 години подоцна, тој овозможи продлабочен, побогат и посложен поглед кон вселената, отколку што науката некогаш замислувала. Хабл е машина која вреди 1,5 милијарди долари, а беше направена со цел да ја надгради астромонијата. Голем дел од неговите фотографии станаа култни, друи пак, ги воодушевуваат само научниците. Во продолжение, само мал дел од огромниот резултат на телескопот. Хабл се очекува да функционира без проблеми и во наредната деценија.