Над 3 500 лица од земјава досега испратиле имиња за мисијата „Марс 2020“

Над 3 500 лица од земјава ги дале своите имиња кои треба да бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА. Аплицирањето се прави преку сајтот на НАСА, на следниот  ЛИНК .

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

Досега за оваа мисија се испратени скоро 8,5 милиони имиња од целиот свет. Притоа, најмногу имиња досега се пратени од Турција (2,5 милиони) , Индија (1,1 милиони) и САД (скоро 1 милион).

Краен рок за испраќање на имињата е 30 септември 2019 година.