На Шангајската листа и годинава нема македонски универзитет

Македонските универзитети и годинава не се рангирани на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.

На прво место 16-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ. По нив, се наоѓаат МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калтеч и Чикаго.

Универзитетот Цирих, кој е на 19. место, е најдобро рангиран во Европа, а Универзитет во Копенхаген е на второ место, односно на 29. на Шангајската листа. На трето место во Европа е Универзитетот Сорбона, кој е 36-ти на листата најдобро рангирани високообразовни институции.

Извор: http://www.shanghairanking.com

Од земјите во регионот, најдобро рангирани се универзитетите во Белград и во Атина, кои се меѓу 300 и 400 место, а Љубљанскиот, Солунскиот „;Аристотел“ и Атинскиот технички универзитет се позиционирани меѓу 400 и 500 место.

Универзитетот во Марибор и Загрепскиот универзитет се меѓу 500 и 600 место. На Шангајската листа е рангиран и Софискиот универзитет меѓу 900 и 1000 позија.

Шангајската листа од 2003 година се објавува секоја година и се смета за едно од најпрестижните универзитетски рангирања. Рангирањето на светските универзитети се заснова на шест клучни индикатори – објавени научни трудови во меѓународни списанија, цитираност, број на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои го посетувале или работат на универзитетот.