На младата режисерка од Тетово, Ана Андонова и се потребни 260 американски долари за да учествува на финалето на „Informatrix Project Competition“ во Романија.
Авторскиот филм на Андонова „A second… to eternity” е правен без буџет и е селектиран за финалето на ова натпреварување, но режисерката нема доволно средства за да присуствува таму, со што потенцијално би добила дисквалификација за својот труд.
Низ социјалните мрежи се шират апели, а започната е и кампања за финансиска помош за Андонова.
„Според многу луѓе, филмот има мала конкуренција и речиси е сигурно дека ќе освои награда. Ми требаат пари за патување и сместување“, се вели во објавениот краудфандинг, каде е поставен и филмот.